Индонезија го сели главниот град среде џунглата на островот Борнео

- Advertisement -

Џунглата на источниот дел на островот Борнео ќе биде претворена во нов главен град на Индонезија. Оваа одлука беше донесена поради загриженоста за загушеноста и тонењето на политичкиот центар Џакарта.
Предложената локација е во близина на релативно неразвиените градови Баликпапан и Самаридна, далеку од гужвата на финансискиот центар, кој претставува главен град уште од 1949 година. Претседателот Видодо призна дека преселувањето на главниот град на островот ќе бде огромен и скап процес.
Бреата експазнија на Џакарта последните години предизвика загриженост за околината, економијата и безбедноста на населението, а тоа ја натера владата да го побара решението во преселба на оваа огромна метропола.
„Како голема нација, која е независна веќе 74 години, Индонезија никогаш не го избрала сопствениот главен град. Товарот кој го носи Џакарта е преголем со оглед на тоа дека тој град истовремено е владин, бизнис, финансиски, трговски и услужен центар“ изјави претседателот.
Амбициозниот проект за преместување на главниот град веројатно ќе чини околу 34 милијарди долари, а според најавите, можно е проектот да потрае и 10 години. Според податоците на Обединетите нации, Џакарта е дом на повеќе од 10 милиони жители, а во поширокото градско подрачје има 30 милиони, што го прави еден од најнаселените градови во светот.
Споиред податоците, пак, на Светскиот економски форум, тој е и еден од градовите кои најбрзо тонат, а Јаванското Море се спушта со алармантна брзина поради претераното и неконтролирано црпење на подземните води, поради растот на нивото на морињата и се поекстремните временски прилики. Градот се наоѓа на мочуришно тло и е склон на поплави, а има проблем и со се поголемо загадување на воздухот поради густиот сообраќај.
Новата локација на главниот град уште нема име, а преселувањето треба да започне во април идната година.

Сподели!
- Advertisement -