Србија има најголеми резерви на литиум во Европа

- Advertisement -

Како што пренесува американскиот економски сајт Bloomberg, „во заборавениот дел од Европа може се крие закопано богатство“. Она што сака да каже сајтот со ова е дека според проценките на експертите, најголемите резерви на литиум во Европа се токму во Србија. Некои проценуваат дека Србија е богата со овој моментално скапоцен метал затоа што се користи за производство на батерии, но тешко е да се дојде до него.
Сепак, пред Србија лежи можноста да стане нов европски фронт на економска битка со Азија, пишува американскиот сајт, Додека потрагата за литиум во светот сењ интензивира, Bloomberg проценува дека во наредните 11 години потрошувачката на батерии со литиум ќе се зголеми за 11 пати.
Проценките за количината на тој метал во Србија се најголеми во Европа, а незаситната глад за батериите кои напојуваат се – од iPhone до автомобилите на Tesla, ја поттикна компанија Rio Tinto Group да ја проучи економичноста на ископувањето на овој метал во Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во февруари овие проценки ги нарече една од најголемите надежи за Србија и ги повика компаниите да ја забрзаат работата за да стартуваат со производство.
Во срцето на Србија се наоѓа минералот откриен во 2004 година и наречен јадарит според реката Јадар во западниот дел од Србија, каде што е пронајден. Покрај литиум, тој содржи и бор, кој се користи за производство на керамика и минерални жибрива и материјали за изолација. Чешка и Австрија се уште две европски земји кои го проучуваат својот потенцијал за ископување литиум, додека Романија повторно ги отвора рудниците за ретки минерали, а меѓународни компании го шират производството на батерии во Европа, пишува Bloomberg.
Но, како што пренесува сајтот, ако може да се дојде до нив, залихите во Србија се доволно големи за да му помогнат на целиот европски континент да и конкурира на Азија со својот развој, особено на Кина, која е трет по големина производител на литиум во светот и врвен производител на литиум-јонски батерии.
Во моментот Rio Tinto, една од најголемите светски рударски компании, и истражувачката компанија Jadar Lithium Plc, со седиште во Австралија, проверуваат колкави се залихите на литиум во Србија. И двете компании не прецизираат каде истражуваат и што откриле досега.

Сподели!
- Advertisement -