0.1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Истражувач од Стенфорд тврди: Ако сакате да најдете љубов, барајте ја на Интернет

Kabtel desktop

Во 21 век алгоритмите се тие кои ќе ви ја пронајдат љубовта на вашиот живот, а не семејството или пријателите. Така барем тврди студијата кија ја спроведе социолог од Универзитетот Стенфорд во САД, Мајкл Розенфелд. Неговата студија открила дека денес повеќе луѓе бараат љубовен партнер и го наоѓаат на Интернет отколку меѓу познаниците и пријателите. Така, дури 40% од Американците денес признаваат дека својот сегашен партнер го нашле на Интернет.
Што се крие навистина зад светот на онлајн-дејтинг? Како што истакнува Розенфелд, луѓето се повеќе веруваат во модерната технологија, а стигмата за запознавање онлајн е речиси заборавена. Постојат две битни технолошки иновации кои го променија барањето љубов на Интернет. Првата е појавата на Интернетот околу 1995 година. Фотографиите и пребарувачите овозможиле создавање на искуството барање љубов онлајн. Втората битна иновација е неверојатната експлозија на паметни телефони во 2010 година. Појавата на паметни телефони ја пресели потрагата за љубов на Интернет од компјутерите на телефоните кои секој ги носи во џеб, објаснува Розенфелд.
Тој додава дека во барањето љубов на Интернет поединци имаат поголема можност за избор отколку кога очекуваат пријателите и познаниците да ги запознаат со некого. Страниците кои се специјализирани за спојување на луѓето имаат голема база на податоци, па дури и ако на многумина не им одговара некоја личност, секогаш може да најдат друга која е баш по нивни вкус.
Но, фактот дека се повеќе луѓе бараат љубов на Интернет не значи дека сме престанале да бидеме друштвени. Розенфелд истакнува дека поради модерниот начин на живот, љубовта ја бараме подоцна во животот, па семејството и пријателите на играат толку битна улога во запознавањето со потенцијалниот партнер. Впрочем, американскиот социолог открил дека по првото запознавање, за успехот на врската не е битно како се запознале тие две личности.
„Мислам дека запознавањето луѓе на Интернет е само позитивен додаток на нашиот свет. Тоа овозможува интеракција меѓу луѓе кои инаку не би комуницирале. Луѓето кои во минатото имале проблеми со пронаоѓањето потенцијалн партнер најмногу профитираат од широкиот избор кој го нудат апликациите за наоѓање партнер“ објаснува Розенфелд.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •