7.8 C
Skopje
понеделник, февруари 17, 2020

Иван, Никола, Фидан и Душко, средношколци од Кочани успешни на Европскиот натпревар на најдобри ученички компании во Франција

Kabtel desktop

 
Иван, Никола, Фидан и Душко, младите средношколци од СOУ “Ѓошо Викентиев” од Кочани со својата креативност, иновативност и тимски дух успешно ја претставија својата Ученичка компанија и својот производ Smart Pill Box на Европскиот натпревар на најдобри ученички компании што се одржа од 03 до 06 јули 2019 г. во Лил, Франција. Како дел од натпреварот се одржа и вториот самит за претприемничко образование каде голем број лидери и менаџери на највисоко ниво земаа учество на  панел дискусиите за предизвиците во образованието. Настанот кулминираше со свечена церемонија по повод 100 годишнината од постоењето на светската мрежа Џуниор Ачивмент (Junior Achievement Worldwide).
Европскиот натпревар им овозможи на 300 ученици кои биле дел од програмата на Џуниор Ачивмент во текот на целата учебна година, да ја презентираат својата земја пред повеќе од 2000 гости од 40 земји членки од Џуниор Ачивмент Европа.
 
Учеството на Европскиот натпревар за најдобра ученичка компанија за 2019 година за наставникот ментор претставуваше награда за неговата доброволна работа во текот на годината и создаде можност за размена на искуства и вмрежување со други наставници.

Како победници на националниот натпревар кој се одржа на 10 мај 2019 во Скопје, учеството на Европскиот натпревар за четворицата ученици им отвори можност да се претстават себеси, своето училиште, град и држава, можност да научат повеќе, да се претстават, да разменат идеи со други врсници од Европа, како и да им создадат самодоверба дека се еднакви со своите врсници од Европа.
Генералниот директорат на ЕУ за претприемништво и индустрија ја препознава програмата на Џуниор Ачивмент за ученички  компании како најуспешен модел на образование за претприемништво за младите. Организацијата Џуниор Ачивмент Македонија (JA Macedonia) како дел од најголемата глобална мрежа JA Worlдwide, им помага на младите од нашата земја да се подготват за идните работни места. Преку врвни обуки, за финансиска писменост, подготвеност за работа и претприемништво, Џуниор Ачивмент Македонија создава патеки за вработување и создава нови работни места. (www.jamacedonia.mk).
Програмата на Џуниор Ачивмент за ученички компании е во согласност со една од главните политички насоки на Европската комисија дека “Секој млад човек треба да има практично претприемничко искуство пред да си замине од задолжителното образование”  и претставува пример за „најдобра пракса во претприемничкото образование“.
Во новата учебна година 2019/2020, Џуниор Ачивмент Македонија ќе продолжи да ги мотивира учениците, преку камповите за иновации и натпреварите во најдобра бизнис идеја, како и да им понуди можност за стекнување меѓународен сертификат за претприемнички вештини, кој ќе го потврди конкретниот вид претприемачки знаења, вештини и компетенци кои учениците ги стекнуваат преку претприемничко образование.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •