1.6 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Се отвори првата Mi Store продавница во Скопје и воедно единствена авторизирана продавница на Xiaomi во Македонија

Kabtel desktop

Вчера во ГТЦ Скопје, Mi Store Македонија свечено ги отвори вратите за ново купувачко искуство на производи со висок квалитет, совршени технолошки перформанси, уникатен изглед и со атрактивни цени.
Во Mi Store за првпат на нашиот пазар купувачите директно ќе можат да се запознаат со производите на Xiaomi и производите од Mi- екосистемот, препознатливите Mi паметни телефони, Mi електричниот скутер M365 и функционалните технолошки уреди.
„Mi Store e единстваната продавница во нашата земја, каде можат да се купат оригинални Mi производи со гаранција, обезбеден сервис и резервни делови. Исто така, особено задоволство ни е присуството на официјалниот претставник од Xiaomi од Кина, Брус Пенг, кој за отварањето специјално дојде во Скопје. Со ова, на нас како претставници на овој светски бренд во Македонија, ни дава до знаење дека овој пазар е исто така важен и допринесува во светскиот пазар на технолошки брендови, а ваквата поддршка ни дава одличен мотив за да обезбедиме врвно искуство за љубителите на нашите производи“, изјави Ѓоко Ристов.
На свеченото отворање Mi Store Македонија овозможи попусти како и вредни подароци за купувачите, Mi мобилни телефони, Mi гаџети, маички и многу други.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •