3.3 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2020

Porsche го зголемува уделот во Rimac Automobili

Rimac Automobili си осигураа зголемување на уделот на Porsche во компанијата, па сега Porsche има удел од 15,5%. Во јуни 2018 година германскиот производител на спортски автомобили купи 10% удел во компанијата на Мате Римац. Со зголемувањето на уделот на Porsche сега веќе е впспоставено партнерство меѓу двете компании.
Бидејќи Porsche ја зголемува својата понуда на електрични модели, партнерството ќе ја искористи експертизата на Римац за електрификација на возила, вклучувајќи ги погонските системи, батериите, моторите и интерторите. „Porsche една година го следеше позитивниот развој на компанијата Rimac Automobili. Набрзо ни стана јасно дека Porsche и Rimac можат многу да научат едни од други. Веруваме во Мате Римац и во неговата компанија, така што сега го зголемивме нашиот удел и ја прошируваме соработката на полето на батериски технологии“ изјавија од Porsche.
Патот на Мате Римац од гаража до глобална препознатливост е приказна за успех кој е постигнат за помалку од 10 години. Денес со партнерство со цела низа од производители на автомобили со високи перформанси, неговиот тим од 600 луѓе со него работи на создавање на едни од најбрзите и највозбудливите електрични автомобили во светот.
„Една од најбитните пресвртници во нашето постоење беше да се освои Porsche како партнер. Фактот дека Porsche сега го зголемува својот удел во компанијата е најдобра потврда за нашата соработка и основа за уште поблизок однос. Допрва сме на почеток на нашето партнерство, а нашите големи очекувања веќе се исполнети. Имаме многу идеи кои во иднина сакаме да ги оствариме заедно. Најбитно е да се создаде една вин-вин ситуација за двата партнери и да се додава вредност за нашите крајни купувачи со развивање возбудливи електрични автомобили“ изјави Мате Римац.
Зголемувањето на уделот на Porsche во Rimаc Automobili ќе го забрза темпото на развој на компанијата на Римац, што значи зголемено производство.Освен дизајнирање, развој и производство на напредни технологии за разни марки автомобили со високи перформанси, Римац моментално работи на развојот на автомобилот C_Two во пресрет на стартот на производството во 2020 година. Автомобилот ќе помине низ интензивен процес на тестирање во склоп на хомологацијата за дистрибуција на сите светски пазари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •