18.3 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Претставена новата генерација iPhone со најбрз процесор и професионални камери

Kabtel desktop

Тим Кук, извршниот директор на Apple, вчера ги претстави најновите уреди на кои работеле изминатите неколку месеци. Дека не треба да очекуваме револуционерни производи беше познато однапред благодарение на инсајдерите во индустријата. Главниот фокус на конференцијата беше ставен на новиот модели iPhone. Како што беше најавено, наместо „иксовите“ во имињата, новата генерација телефони беше претставена како iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max.
Класичната „единаесетка“, наследникот на моделот XR, има екран со иста дијагонала (6,1-инчен ЛЦД) и со цена од 699 долари би можел да биде најпродаваниот iPhone од новата генерација. Хардверски, целата нова генерација iPhone доаѓа со најбрзи процесори и има најдобра графика во однос на досегашните уреди благодарение на чипот A13 Bionic.
Најевтиниот од новата серија iPhone има две камери – класичната од 12 MP и ултраширока со иста резолуција, а со нив може да се снима и да се фотографира со заматена позадина. Новина е ноќниот начин на работа, кој автоматски се активира во услови на слабо осветлување. Видеата може да се снимаат во резолуција 4K, а посебно е интересна опцијата за брза активација на камерите. Доволно е додека е активиран фотоапаратот малку подолго да се држи притиснато копчето за сликање и ќе почне снимањето.
Што се однесува на моделите за професионалци, главниот акцент е ставен на камерите. И двата други модели имаат три камери – класична, телефото и широкоаголна и секоја од нив има резолуција од 12 MP. Како што велат од Apple, комбинацијата од трите камери треба да овозможи снимање на професионални фотографии и видеа.
Новите модели доаѓаат со уште подобри екрани кои од Apple ги нарекоа Super Retina XDR, додека нивната дијагонала останува иста како на минатогодишните модели – 5,8 и 6,5 инчи. Од Apple посебно го издвоија и подолгото траење на батеријата во однос на моделите од 2018 година – батеријата на iPhone 11 треба да издржи еден час подолго, на iPhone 11 Pro треба да трае 4 часа подолго, а на iPhone 11 Pro Max 5 часа подолго.
Цената на iPhone 11 Pro изнесува 999 долари, додека на 11 Pro Max 1099 долари. Нивната испорака ќе почне на 20 септември. Освен телефоните, Apple ја претстави и седмата генерација на iPad, односно тенок и лесен табелт со дијагнала на екранот од 10,2 инчи по цена од 329 долари. Новиот Apple Watch Series 5, пак, сега има Always On екран. Цената со GPS изнесува 399 долари, додека моделот со поддршка за мобилна мрежа ќе изнесва 499 долари. Во понуда останува и третата генерација часовници по цена од 199 долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •