12.7 C
Skopje
вторник, ноември 12, 2019

Хонгконшката берза сака да ја купи Лондонската за 37 милијарди долари

Kabtel desktop

 
Хонгконг само што направи понуда од 37 милијарди долари за купување на Лондонската берза. Од Хонгконг изјавија дека сакаат да ги комбинираат двете компании. Доколку се случи тоа, ќе се сoздаде третaта најголема брза во светот веднаш после Њујоршката и Nasdaq во поглед на вредноста на компаниите кои се листирани на тие пазари.
Исто така, тоа би билo најголемото странско преземање на британска компанија откако јапоснката фармацевтcка компанија Takeda ја презеде Shire во 2018 година. Со зделката би се редефинирале глобалните капитални пазари со децении нанапред. Исто така, ќе се зајакне позицијата на Хонгконг како клучна врска меѓу континентална Кина, Азија и остатокот од светот.
Но, нема се да оди толку лесно и ќе има неколку пречки. Најпрвин, понудата на Хонгконг доаѓа во чувствителен период на политички план кога уште владее неизвесноста околу Брегзит и се фрла сенка на Лондон како глобален финансиски центар. Истовремено, Хонгконг, кој е главната финансиска лулка на Азија, со месеци го тресат продемократски протести.
Според понудата, Хонгконг ќе назначува 7 од вкупно 13 директори за размена, вклучувајќи го и извршниот директор. Понатаму, поставувањето на претседателот на берзата исто така мора да го одобри Хонгконг. Трансакцијата ќе му даде контрола на Хонгконг врз пазарите за капитал во Обединетото Кралство и во Италија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •