На Филипините може да размените пластичен отпад за ориз

- Advertisement -

На Филипините можете да направите размена пластичен отпад за ориз. Ова е зачеток на новата шема со цел да се исчисти отпадот од улиците и истовремено семејствата да добијат пристап до евтина храна.
За секои 2 кг пластичен отпад што ќе ги однесете добивате 1 кг ориз. Кога би го купувале, таму тоа би ве чинело 0,7 долари. Сигурно ќе помислите дека тоа воопшто не е скапо, но имајте предвид дека станува збор за земја каде што еден од пет луѓе живеат под прагот на сиромаштија.
Оваа шема ќе помогне да се нахранат сиромашните луѓе и на локалното население ќе им се даде поттик да помогнат во борбата со загадувањето со пластика. Истовремено, се подига свеста на луѓето за правилното постапување со отпадот со оглед на тоа дека законите за пластичен отпад на Филипините ретко кога се применуваат.
Во август годинава благодарение на оваа шема беа собрани 213 кг пластичен отпад за рециклирање, а се повеќе семејства се вклучуваат во иницијативата затоа што сфаќаат дека ем ќе имаат чисти улици, ем ќе добијат евтин оброк.

In the Philippines you can exchange plastic trash for rice

2 kilos of plastic = 1 kilo of rice.🔎 Learn more about how other schemes are swapping plastic waste for food: https://wef.ch/2NWNySa

Posted by World Economic Forum on Петок, 13 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -