18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Што прави светот? Технологија Пристигна новата генерација Wi-Fi - ќе се конектираат до четири пати повеќе...

Пристигна новата генерација Wi-Fi – ќе се конектираат до четири пати повеќе уреди на една мрежа

Kabtel desktop

Добра вест за сите кои често ја користат Wi-Fi технологијата за поврзување на уредите – пристигна нова, значително унапредена верзија на Wi-Fi и со себе носи повеќе предности. Таа беше лансирана неделава и е уште побрза и помоќна. Најновите т.н. flagship смартфони на светските брендови веќе имаат вградена поддршка за оваа нова технологија. Такви се Samsung Galaxy Note 10 и Apple iPhone 11.
Досегашната верзија на Wi-Fi теоретски постигнуваше брзина на пренос на податоци до 6,9 Gbps, а новата верзија е значително побрза со 9,6 Gbps. Новиот Wi-Fi ќе понуди и проширен капацитет за повеќе уреди со технологиите од типот на OFDMA (orthogonal frequency division multiple access) и MU-MIMO (multi-user multiple input multiple output). Тоа  во превод значи дека на една WiFi мрежа отсега ќе можат да се поврзат до четири пати повеќе уреди.
Технологијата од неделава е достапна за сите производители, што значи дека нема да треба да чекаме долго за да ги почувствуваме нејзините ефекти во секојдневниот живот. Сите мнови уреди, освен оние најевтините т.н. буџетски верзии ќе имаат подрршка за новиот Wi-Fi, а со тек на време дури и најевтините уреди ќе ја добијат поддршката за новата технологија.

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •