Dark Mode пристигнува и на Instagram

- Advertisement -

Instagram е последната во низата апликации кои активираа Dark Mode опции. Доколку користите бета верзија на апликацијата Instagrаm, на својот уред имате Android 10 и користите системски Dark Mode, тогаш веројатно го гледате Instagram Dark Mode!
Се е црно, целосно спротивно на сjајниот бел интерфејс на Instagram и на прв поглед делува истовремено и чудно и моќно. За жал, опцијата Dark Mode не можете да ја активирате самите затоа што опцијата не е достапна во нагодувањата, но ако активирате Dark Mode низ целиот систем и ги исполните сите други услови и Instagram ќе биде темен.
Наместете го Dark Mode преку системот на овој начин: Settings > Display > Advanced > Device Theme. Со оглед на тоа дека станува збор за бета верзија, ако го активирате Instagram Dark Mode, очекувајте можни грешки во интерфејсот или некои други пропусти, кои не би требало да ја нарушуваат употребливоста на апликацијата. Ако, сепак, ги забележите, пријавете кај модераторите на апликацијата.

Сподели!
- Advertisement -