20.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Загреб постави семафор за пешаците кои не креваат глава од телефонот

Kabtel desktop

Во рамки на кампањата „Ден без мобилни телефони во сообраќајот“, во Загреб е поставен нов вид семафор, која фрла светлина веднаш пред пешачкиот премин, за црвеното светло да го видат и оние пешаци и велосипедисти кои се приближиле до крстосницата, но се фокусирани на своите телефони.

Овој вид семафори е инсталиран првпат во Хрватска, а целта на овој пилот-проект е да ги предупреди и пешаците и велосипедисти за опасностите на кои се изложуваат.

Според истражувањето, дури 50 отсто од пешаците и 33 отсто од велосипедистите користат мобилни телефони додека преминуваат улица, а 20 отсто од нив не забележуваат дека на семафорите се вклучило црвено светло, бидејќи нивните погледи и размислувања се насочени кон екраните на нивните телефони. јавува Хина.

Семафорот првенствено има функција за предупредување.

Кога на пешачки премин ќе се појави црвено светло, тој го проектира на тротоарот, така што црвено светло се проектира на екраните на телефонот во кој гледаат пешаците, наместо да ги следат настаните околу себе.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •