7.2 C
Skopje
петок, ноември 15, 2019

Германија ќе дозволи набавка на 5G мрежна опрема од Huawei

Kabtel desktop

Германската влада ќе дозволи Huawei да ја продава својата опрема за 5G мрежи во земјата, пишуваат германските медиуми. Тие се повикуваат на нацрт предлог-документ за сигурноста на мрежните телекомуникации.

Имено, се верува дека се верува дека во првичната верзија на тој документ Huawei бил забранет, но извори од владата тврдат дека канцеларката Ангела Меркел била загрижена за тоа какви последици по Германија би имале односите со Кина и побарала да се отстрани забраната.

Се тврди дека коалициските партнери на Меркел биле против таквата одлука и побарале 5G мрежата на Huawei да се забрани во Германија. Кинескиот технолошки џин се најде на црната листа на САД поради загриженоста на Америка за националната безбедност, иако кинеската компанија ја негирала поврзаноста со владата во Пекинг.

Одлуката на Германија, за која се очекува дека официјално ќе биде објавена неделава, доаѓа откако ЕУ го завршила извештајот за ризиците кои ги носи 5G мрежата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •