10.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Google претстави апликација за снимање глас која врши транскрипција без потреба од Интернет

Kabtel desktop

Google на пазарот претстави нова апликација за снимање на глас за телефонот Pixel 4, која има некои функции кои и тоа како ја издвојуваат од другите слични апликации. Апликацијата се вика Recorder и има можност за транскрипција на снимки.

Тоа само по себе е невообичаено меѓу апликациите за снимање глас, особено бесплатните, а Google отиде и чекор подалеку, па Recorder може да транскрибира во реално време и тоа без испраќање податоци на Интернет, односно работи офлајн.

Од непознати причини Google досега немаше своја апликација за снимање глас. Секако, тоа можеше да се реши со инсталирање други апликации од Play Store, иако сосема е очекувано да има таква опција во самиот телефон. Меѓутоа, со оглед на тоа дека Recorder има многу повеќе опции од другите слични апликации, можеме да му простиме на Google.

Засега апликацијата е достапна само на англиски јазик, но од Google велат дека подоцна ќе се појават и повеќе јазици. Исто така, ќе биде ограничена само на телефонот Pixel 4.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •