-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Специјално дизајнирана велосипедска кацига ја менува формата за време на трките за поголема аеродинамичност

Kabtel desktop

Во врвните спортови како што е велосипедизмот секоја мала предност може да направи огромна разлика, било да е тоа некое полесно шише за вода или педали кои лесно се вртат, а имаат голем замав. Но, и велосипедската кацига е многу битен елемент. Така, кацига дизајнирана да биде поаеродинамична со максимална вентилација би била од голема помош за постигнување поголема брзина.

Еден австралиски истражувач работи на динамична верзија која на велосипедистите ќе им обезбеди и аеродинамичност, и проветрување и удобност така што ја менува формата во различни фази од велосипедската трка.

„Повеќето кациги се статични производи и не се прилагодуваат на условите на трката. Специјалните кациги за побрзо возење се дизајнирани со речиси никаква вентилација за да се намали забавувањето поради струењето на воздухот, но може да се носат само кратко време пред да дојде до прегревање на велосипедистот. Во трките на Тур де Франс, каде што секоја стаза трае 4-6 часа, кацигите мора да бидат истовремено и аеродинамични и да имаат вентилација“ вели Џејмс Новак, истражувач од Школата за инженеринг на Универзитетот Дикин.

Со цел да создаде кацига која е совршена и на велосипедистите ќе им овозможи максимална аеродинамичност и вентилација кога е потребна Новак дизајнираше 3Д печатена кацига која ја отвора вентилацијата по потреба. Кацигата се вика Dynaero, користи Bluetooth за да се поврзе на компјутер и со сензорите вградени во велосипедот или во телефонот. Потоа таа ја отвора вентилацијата по потреба, во зависност од температурата, брзината и други услови.

Кацигата има Arduino Uno, Bluetooth сензор, микор серво и посебна апликација за телефон која го користи брзинометарот во телефонот за да ја утврди брзината и да го контролира отворањето и затворањето на вентилацијата. Новак вели дека идните верзии на кацигата ќе бидат конектирани со повеќе сензори.

Проектот засега е во многу рана фаза од развојот, но прототипот на Новак веќе бил тестиран во ветровит тунел заедно со комерцијални кациги и се покажало дека може да ја зголеми аеродинамичноста на велосипедистите за 3,7%.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!