-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Селотејп за рани инспириран од пајаците и нивните мрежи

Kabtel desktop

Научници од МИТ се послужија со пример од природата за да развијат технологија која овозможува лепење на човечките ткива без потреба од шиење. Станува збор за пајаците, кои благодарение на набиените полисахариди кои ја апсорбираат водата од површината на инсектот речиси моментално овозможуваат лепење на своите мрежи.

Научниците развија слична метода со користење на полиакрилна киселина на двострана леплива лента која впива вода од мокри ткива и го активира лепилото кое спојува и држи. Лепливата лента ја тестирале на разни видови глувци и свињи, вклучувајќи и ткива на желудник, црн дроб и на кожата.

Голем е предизвикот да се залепат мели и нежни ткива како белите дробови и дишникот, но со оваа леплива лента тоа можеме да го направиме за пет секунди“, велат научниците од МИТ.

Тие додаваат дека ова има потенцијал да се примени и за лепење медицински уреди и сензори на органите како срцето без да се оштети нешто. Научнициите сега планираат да спроведат дополнителни тестирања на животни, а на луѓе ќе може да се тестира за неколку години, иако со оваа иновација веќе почнаа да ги запознаваат докторите.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!