Арсовска: Претпријатијата се ‘рбет на економијата и им треба поддршка

- Advertisement -

Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), како претседавач на панел-сесијата на тема: „Moжности за финансирање на малите и средни претпријатија МСП“ на Самитот Македонија2025 ја истакна важноста од поддршката на претпримачите и малите и средни компании кои се двигател на секоја економија.

Во оваа насока од голема важност е заедничка акција на сите чинители во општеството за подобрување на пристапот до финансии, отстранување на законските бариери, создавање на нови можости за МСП. Тоа подразбира зголемување на буџетската рамка за директна поддршка на компаниите, олеснети услови за кредитирање од страна на банките со иновативен пристап кој во земјите во Западна Европа веќе преминува во редовна пракса, промоција на глобалните краудфандинг програми, иновативни центри за поддшка и развој на МСП, кои можат да придонесат за што поголемо искористување на различните фондови наменети за компаниите.

- Advertisement -

Во нашата земја, нема недостаток на иновативни идеи во приватниот сектор и претприемачки дух, но во последните години со оглед на општите услови и политичката нестабилност, недстига мотив за реализација и системско канализирање на различните видови на поддршка кои би можеле претпријатијата да ги искористат.  Потребно е да се овозможи сигурност за намалување на ризикот за инвестициите, на оние кои решиле да го развиваат својот потенцијал во Македонија, да ги реализираат иновативните идеи и да создадат нови работни места. Раст и развој на малите и средни претпријатија е клучно за инклузивен раст и подигнување на животниот стандард. За таа цел потребно е да се даде приоритет на 7 активности кои неминовно ќе дадат резултат и тоа, креирање амбиент за поволно деловно опкружување и отстранување на регулаторните бариери, промоција на претприемништвото, пристап до нови пазари и интернационализација, пристап до финансии, зголемување на конкурентноста, како и пристапот до информаци за клучните фондови за финансирање“, истакна Арсовска.

Таа додаде дека со комплементарна реализација на постоечките заедно со нови активности за создавање покохерентна рамка може да се овозможи оние мали претпријатија кои отпочнуваат да растат, не само да станат конкурентни туку и да ја прошират својата активност интернационално. 

- Advertisement -

Постојат најразлични модели кои се применети во одредени земји во ЕУ и кои дале голем ефект, некои од нив се инвестирање во претприемачите кои западнале во финансиски потешкотии но имаат висок потенцијал, по пат на рефинансирање на долговите и ослободување од камати, а со цел  да се реструктуираат навремено, за да се спречи банкрот и да се избегне отпуштање на вработените. Понатаму, поддршка на малите и иновативни компании кои сакаат да го прошират својот бизнис интернационално, а постојат и одлични примери од регионот каде има целосна дерегулација и даночни ослободувања во првите години од отпочнување со работа и сл“, изјави Арсовска.

Во Македонија малите и средни претпријатија се рбетот на економијата со 99,7 проценти од вкупниот број регистрирани компании, слично како и во ЕУ, каде во просек околу 99% од деловните економски активности се на МСП.  Во изминатите пет години, тие создадоа околу 85% од новите работни места, како клучни за обезбедување економски раст, иновации и социјална интеграција. 

Сподели!
- Advertisement -