- Advertisement -
Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) одлучи да ги демонстрира способностите на своите роботи Cheetah и ги пушти да се забавуваат во парк. На видеото кое го објавија можеме да видиме девет роботи кои се движат по трева прекриена со лисја и правата разни активности.
Роботите одат, удираат топка за фудбал, па дури и прават салто наназад. Во еден момент и синхронизирано танцуваат. Секако, со нив со далеичнски управувач управуваат луѓе. Но, видеото покажува како напредува проектот Mini Cheetah на МИТ.
- Advertisement -
МИТ планира да произведе цела флота вакви роботи кои ќе се користат за истражувачки цели. Роботите во иднина би можеле да се користат за опасни активности, за потрага и спасување луѓе итн.
- Advertisement -