2 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Онлајн организација на корпоративните документи

Kabtel desktop

Чувањето на важни документи во картонски кутии во подрумскиот архив за повеќето компании е веќе минато. А, сопствениците и вработените во модерните компании немаат веќе време да се сретнуваат со нивните бизнис партнери и да разменуваат и потпишуваат документи.

Развојот на информатичко-комуникациските технологии направи позитивна промена во полето на работење со корпоративни документи, особено за безбедност на податоците и полесно складирање. Денес, за потпишување на каков било договор, потребен е само пристап до интернет и неколку софистицирани алатки за да се изведе тоа.

Папките, кутиите и архивскиот простор одземаат голем простор, кој со сигурност може да се искористи попаметно доколку има алтернативно место каде што може да бидат сместени сите документи. И покрај тоа што папките, кутиите и архивскиот простор се заменети и документите најчесто се чуваат на хард дискови, во дигитална форма, сепак останува грижата дека документите лесно може да изгубат или оштетат. Овој проблем може да се реши со имплементирање на локален back-up сервер, но многу често, тоа претставува огромен трошок кој голем дел од претпријатијата едноставно не можат да си го дозволат. Дигиталното решение виртуелен диск нуди одговор на прашањето: Ако не на локален сервер, тогаш каде? На интернет, се разбира. Преку виртуелниот диск добивате простор на cloud за безбедно чување на вашите податоци, документи и датотеки, кои истовремено ќе бидат достапни преку секој уред, од која било локација и во секое време. Споделувањето и преземањето на цели датотеки може да биде сведено на едноставно испраќање линк до примачот, со огромен капацитет за зачувување документи, можност за испраќање на големи количини на податоци, максимална безбедност и голема брзина на пристап.

Но, тогаш, како ќе бидат документите подготвени и потпишани од бизнис партнерите, доколку воопшто не се најдат во рацете на потписниците? Како може да останат сигурни, без да се компромитира нивната валидност? Постојат дигитални решенија што нудат одговор на ова прашање. Со употребата на дигитален сертификат и  временски печат, се зголемува ефективноста, а се намалуваат трошоците на компанијата. Алатката дигитален сертификат е електронски личен потпис со кој се гарантира идентитетот и автентичноста на потпишаниот документ, без разлика дали се работи за секојдневни бизнис трансакции (фактури, нарачки) или документи за поднесување кај државните институции. На оваа алатка се надоврзува и временскиот печат, со кој електронски се заверува времето,  и датумот на креирање на документот и неговиот потпис за да се обезбеди потврда дека не е изменуван од моментот на неговото заверување.

Придобивките кои современите технологии ги нудат за една компанија имаат потенцијал да поттикнаттнапредок во целокупното деловно работење. Од намалување на трошоците за логистика, печатење на материјали и транспорт на истите, до забрзување на процесите во бизнисот – и  сето тоа преку врвните дигитални и Cloud решенија кои ги нуди Македонски Телеком.

Претприемачите кои научија да чекорат по патот на иднината веќе ги чувствуваат предностите во однос на конкуренцијата. Оние другите, пак, имаат избор да научат или целосно да заостанат во пазарната борба.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •