1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Airbus ќе ги пушта своите авиони да летаат во јата за да ја намали потрошувачката на гориво

Kabtel desktop


Airbus работи на нов проект за да ја тестира идејата дека два комерцијални авиони кои летаат заедно може да ја зголемат ефикасноста и истовремено да ја намалат емисијата на гасови. Базирано на техниката која ја користат јатата птици за полесно да се одржуваат во лет сите птици, проектот Fello’fly ќе истражува како тоа ќе функционира кај авионите.

Птиците летаат во јата од повеќе причини, но една од најглавните е затоа што така е полесно. Кога тие формираат “V” формација, птиците го користат налетот на воздух од мавтањето со крилата на птиците пред нив за полесно да летаат. Со имитирање на таа техника од Airbus се надеваат дека проектот Fello’fly ќе ја подобри ефикасноста на комерцијалните летови на долги релации.

Како што лета авионот голем дел од енергијата која ја создава се губи. Ако зад него се позиционира друг авион, вториот авион ќе може да ја користи енергијата од првиот и да го намали абењето на моторот, односно да се намали потрошувачката на гориво за 5%-10%, а со тоа и емисијата на стакленички гасови.

Теоретски, ова треба да функционира, но од Аirbus велат дека треба да надминат неколку технички пречки. Тоа значи дека Fello’fly мора да работи на развој на системи за асистирање на пилотите за авионот кој ќе биде позади да се позиционира на совршено растојание и на стабилна висина. За да го релизира тоа Airbus соработува со други авиокомпании и со провајдерите на Контролата на летање. Тест летовите со два авиони A350 ќе почнат во 2020 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •