0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Black Friday на Grouper започнува денес!

Kabtel desktop

Празникот на попустите од година во година станува се попопуларен и кај нас, па веќе со нетрпение љубителите на шопингот очекуваат да се впуштат во потрага по добри зделки и заштеда .

И покрај тоа што Black Friday започнува овој петок, од Grouper.mk најавуваат дека шопинг еуфоријата кај нив, со попусти до 90% стартува уште денес на пладне!

Oваа година вистинскиот Black Friday e онлајн, без гужви и турканици, со стотици нови зделки на секој час, уникатни попусти и промоции за сечиј вкус. Новогодишни и early booking патувања, изобилство од храна и пијалоци, интересни подароци, третмани за разубавување и масажи, кујнски апарати и електроника се само мал дел она што ќе може да се купи овие денови. Она што е сигурно e дека ќе има избор од 1000 зделки со луди цени и ограничени количини!

Попустите траат цел викенд, заклучно со понеделник, Cyber Monday 02.12, што во превод е понеделникот после лудиот петок, и во истиот тренд ќе има нови 100 зделки со луди цени со рок од само 24 часа.

Уште пред две седмици Grouper започна со најава на шопинг лудилото преку “загревање” со BLACK FRIDAY WARM UP премиум зделки со ексклузивни попусти од различни модни брендови за обувки, облека, модни дотаци и услуги.

Grouper  е препознатлив по уникатните маркетинг кампањи и промоции, а како што и самите велат, горди се што веќе 6та година по ред заедно со повеќе од 300 компании ги подготвуваат најдобрите Black Friday зделки. Празникот на попустите е посоебно возбудлив и значаен ден за тимот на Grouper за кој  велат дека е нивен патронат кој го празнуваат со огромни продажби и посети од преку 100.000 во еден ден.

Слоганот на кампањата e Купи пред да ти го купат, па затоа немојте да задоцните и да ги пропуштите најголемите Black Friday попусти во земјава!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •