0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Ешерихија коли која јаде CO2 може да не спаси од загадувањето

Kabtel desktop

Опасната бактерија ешерихија коли, која ја откри педијатарот и бактериолог Теодор Ешерих, е една од главните врсти бактерии кои живеат во долниот дел од дигестивниот систем на цицачите и обично се врзува за разни инфекции и други болести. Научници од израелскиот Институт за науки Вајсман успеаја со биоинженеринг да ја претворат оваа бактерија во нешто што ќе биде корисно на повеќе полиња затоа што наместо со шеќери и други органски материи сега се храни со CO2.

Научниците велат дека ова е голем чекор напред затоа што драстично го менува внатрешното функционирање на еден од најпопуларните организми во биологијата. Иако „хакираната“ бактерија засега уште нема да може да се искористи за отстранување на CO2 од воздухот и чистење на нашата планета затоа што се уште создава повеќе CO2 отколку што отстранува, може да има големи ефекти по човечкиот род.

Како прво, ќе може да се користи за производство за органски јаглени молекули кои пак ќе се користат за производство на биогорива, а покрај тоа, може да има примена дури и во производството на храна, додека производите направени со нејзина помош би имале значително помала емисија на штетни гасови во однос на конвенционалните методи за производство.

За да овозможат бкатеријата да се храни со CO2 научниците најпрвин во нејзините гени ги програмирале неколку ензими кои на фотосинтетските организми им овозможуваат конвертирање на јаглерод диоскидот во органски кислород. Така модифицираните бактерии ги одгледувале со генерации во траење од една година, при што им давале мали количини шеќер и CO2 во концентрации за 250 пати поголеми отколку на Земјата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •