Канадска компанија направи вистинска наметка за невидливост како таа на Хари Потер

- Advertisement -

Канадска компанија која произведува воени униформи создаде еластичен материјал кој може луѓето и предметите да ги направи невидливи. Се предвидува дека материјалот ќе најде практична примена за една година отсега.

Материјалот се вика Quantum Stealth, а го направи компанијата HyperStealth Biotechnology со седиште во Британска Колумбија во Канада, а има способност да ја одбива светлината. Прототипот е тестиран така што се сокривани разни предмети со различни димензии и бои. Материјалот функционира и дење и ноќе и може да се користи за прикривање на воени средства и бродови.

- Advertisement -

Не само што ја сокрива целта во видното поле, туку делува и во ултравиолетова, инфрaцрвена и краткобранова инфрацрвена енергија. Го блокира топлинскиот спектар, па така го претвора во наметка на невидливост. Материјалот е мек и економичен. Очекуваме дека за една година ќе ја видиме и првата практична примена“, велат од HyperStelth.

Сподели!
- Advertisement -