21 C
Skopje
вторник, август 11, 2020

Најголемиот зелен ѕид во Европа годишно ќе може да апсорбира дури 8 тони загадување од воздухот

UAKS desktop

Во Лондон на зградата Citicape House ќе се најде најголемиот зелен ѕид во светот со површина од околу 3.700 квадратни метри. Не само што Citicape House е дизајнирана да стане хотел со 5 ѕвезди, туку живиот ѕид поставен на неа ќе апсорбира дури 8 тони загадување од воздухот годишно.

Хотелот треба да биде готов во 2024 година, а ќе има 382 соби, 3.700 квадратни метри работни простории, бар на кров, места за состаноци, спа и тесторан на приземјето. На 11. кат ќе има јавни зелени површини со поглед на катедралата Свет Павле. Оттука зелениот ѕид, составен од 400.000 растенија, ќе ја обвиткува надворешноста на зградата и ќе стане засолниште за многу растителни видови кои се загрозени.

Освен тоа што годишно ќе чисти 8 тони загадување од воздухот, Citicape House е проектирана да произведува 6 тони кислорорд и да ја намали околната температура за 3-5 степени Целзиусови. Ѕидот годишно ќе заловува и околу 500 кг од штетните честички во воздухот. Покрај очиглениот придонес за почист воздух, зградата ќе може да работи енергетски одговорно со посебни пумпи за греење и системи за собирање на дождовната вода со која ќе се наводнува живиот ѕид.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •