21 C
Skopje
вторник, август 11, 2020

Samsung продаде 1 милион примероци од смартфонот на преклоп Galaxy Fold

Kabtel desktop

Првиот смартфон на преклоп на Samsung имаше неславен почеток кога се соочи со проблеми со ефикасноста, но сепак постигна добра продажба. Имено, иако чини речиси 2.000 долари, Galaxy Fold сепак привлекува купувачи, а од Samsung тврдат дека овој смартфон веќе е продаден во 1 милион примероци. Таа информација ја откри претседателот на Samsung, Јунг Сон.

Сепак, еден милион продадени примероци не е многу во споредба со десетици милиони смартфони кои Samsung ги продава секој квартал во годината, но е значајна количина со оглед на тоа дека уредот е многу скап и дека уште не е потврден неговиот квалитет. Многу помали производители едвај успеваат да продадат мал дел од таа количина, иако имаат многу пониски цени.

Fold официјално почна да се продава во спетември годинава, неколку месеци откако беше првобитно планирано, а причината е тоа што се расипа во рацете на новинари кои го добија на тестирање. Поради тоа Samsung го зајакна дизајнот и промени некои компоненти за да го реши проблемот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •