1.2 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2020

ВИДЕО: Погледнете како ќе изгледа градот од иднината што гo гради Toyota

Kabtel desktop

Јапонската компанија Toyota планира да изгради прототип град на иднината во подножјето на планината Фуџи, кој ќе се напојува со енергија од водородни ќелии и ќе функционира како лабораторија за роботизирани автомобили, паметни куќи, вештачка интелигенција и други технологии.

Toyota тој план го откри на најголемиот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас, CES 2020. Проектот ќе биде сместен на местото на затворена фабрика и ќе се вика „Исткаен град“ (Woven City) во знак на сеќавање на почетоците на Toyotа како производител на машини за ткаење.

Градот ќе биде дом на постојани жители и истражувачи. Toyota не открива колку ќе чини овој проект. И други големи производители на автомобили размислуваат како да ги дизајнирата градовите за да се намали емисијата на штетни гасови, која ја пореметува климата.

Меѓутоa, планот на Toyotа да изгради заедница на површина од 71 хектар во близина на планината Фуџи е голем чекор напред во споредба со конкурентите. Јапонската компанија очекува дека во градот за почеток ќе можат да жувеаат 2.000 луѓе.

Стартот на изградбата на градот е планиран за идната година, а ќе го дизајнира данскиот архитект Бјарке Ингелс, кој ги проектираше и кулите близначки во Њујорк и седиштето на Google во Силиконската долина во САД и во Лондон.

Toyota is building City of the Future

Toyota's Woven City in Japan will be a fully connected ecosystem powered by hydrogen fuel cells.

Posted by Startup Selfie on Петок, 10 јануари 2020

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •