2.8 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Hondа измисли нов футуристички волан за автомобили

Kabtel desktop

Додека многу производители на автомобили забрзано сакаат да се префлат на автономни автомобили, Honda се фокусира на воланот и на нудење сосема ново искуство кој е мешавина од двата света. Кога автомобилот е во автономна состојба, патниците можат да поминат со раката налево или надесно над воланот и да се префрлат од една лента на друга.

Воланот на Honda исто така може да ја стартува колата со двапати едноподруго допирање на врвот на воланот. Контролите врз возилото исто така може да се префрлат од една страна на возилото на друга, што значи дека секој што седи во автомобилот на кој било дел може да управува со автомобилот.

Иако автомобилот ќе може да се вози и на традиционален начин, компјутерскиот систем исто така може постојано да биде на standby и да ги следи очите на возачите за знаци на одвлекување внимание. Honda вели дека ако некој го одвлече вниманието на возачот, системот ќе интервенира и ќе преземе контрола.  

Т.н. Augmented Driving Concept е изложен на CES во Лас Вегас и е доказ за спремноста на јапонската компанија за неосетно префрлање од мануелно и автономно управување. Воланот исто така служи како кочница и како менувач на брзини. Воланот се повлекува кон возачот за кочење, а се турка нанапред за забрзување. Исто така, опремен е со сензори кои го чувствуваат допирот на возачот.  

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •