22 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Новитe автомобили на Tesla ќе разговараат со минувачите

Kabtel desktop


Откако постојат автомобилите не можат директно да комуницираат со пешаците и минувачите, ако се исклучи свирењето кога некој ќе се испречи на патот. Но, тоа можеби ќе се смени ако му веруваме на иноваторот Илон Маск.

Тој на својот Twitter профил напиша дека ако посакаме, автомобилите на Teslа наскоро ќе можат да комуницираат со луѓето. Тој објави видеоснимка од Model 3 кој преку надворешно звучници ќе им се обраќа на минувачите.

„Немојте само да стоите и гледате. Влезете!“ вели автомобилот, најавувајќи дека автомобилите на Teslа во иднина ќе може да се користат како автономни такси. Компанијата е позната по надградбата на софтверот кој овозможува дополнителна функционалност на автомобилите на Teslа. Но, уште не се знае кои модели на Teslа се опремени со надворешни звучници за реализација на таквата функција.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •