7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Американските пилоти наскоро ќе можат да управуваат со повеќе авиони одеднаш

Kabtel desktop

Американските пилоти наскоро ќе можат да управуваат со повеќе авиони одеднаш после неодамнешните тестирања во базата на морнаричката авијација во близина на Вашингтон, објавија од Boeing.

Boeing и морнарицата успешно управувале со два авиони Growler EA-18G како да се дронови со помош на трет Growler како контролна соба за првите два, соопштија од авикомпанијата. Првите два авиони биле прилагодени за да се однесуваат како беспилотни летала, а третиот авион ги контролирал во лет, додадоа од Boeing.

Оттаму објаснуваат дека демонстрацијата била изведена кон крајот на 2019 година во морнаричката база Патуксент Ривер во Мериленд во текот на годишните вежби на единицата за истражување и развој на американската морнарица.

Super Hornet е ловец на американската морнарица кој може да биде наоружан со ракети воздух-воздух и земја-воздух, а Growler е верзија на тој авион специјализирана за електронско војување.

Управувајќи со неколку беспилотни летала од авионите, американските пилоти ќе можат да ги прошират капацитетите на откривање и да ги држат авионите во кои се наоѓаат надвор од опасност, појаснуваат од Boeing. Тоа ќе овозможи еден тим да контролира неколку авиони без многу дополнителни задачи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •