9.5 C
Skopje
сабота, март 28, 2020

Кој е најпрометниот аеродром во регионот

Kabtel desktop

Шест аеродроми од регионот на бивша Југославија се најдоа меѓу топ 150 најпрометни во Европа, а само еден од нив е меѓу првите 100. Според податоците на организацијата Меѓународно собрание на аеродроми во Европа (ACI), најпрометниот аеродром од регионот е белградскиот – на 89. место. Аеродромот лани осплужиле 6.162.159 патници на 62.062 летови и 7.340 тони товар.

Загрепскиот аеродром е на 115. место со 3.435.531 патници, 45.061 летови и 12.684 тони товар. Потоа следуваат Сплит на 117. место, Дубровник на 119., Приштина на 136. и Скопје на 137 место во Европа.

Од главните градови на Европа, најмал промет има аеродромот во Сараево, кој е на 169. место. Утеха е дека Сараево сепак има раст од 9,3%. Првите позиции во Европа им припаѓаат на лондонскиот Heathrow, парискиот Charles de Gaulle, а потоа следуваат аердроми во Амстердам, Франскфурт, Мадрид и Барселона.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •