0.5 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Нов тест може да провери дали печурките се отровни за само неколку минути

Kabtel desktop

Иако многумина едноставно земаат кеса со печурки од продавница, друи преферираат да си наберат свежи печурки. Но, неточното идентификување на дивите печурки може да предизвика многу повеќе од труење со храна и може да биде фатално. Истражувачи од Истражувачката земјоделска служба во САД создаоа посебен тест кој можете да го носите со себе и на лице место да проверите дали печурките се отровни или не.

Експертите за печурки можат да препознаат какви се печурките уште не прв поглед, но други може да направат грешка и да ги помешаат со отровни. Истражувачкиот тим вели дека јадењето отровни печурки предизвикува повеќе од 100 смртни случаи на глобално ниво годишно. Најопасно се токсините наречени аматоксини. Тие се толку отровни што фатална може да биде дури и концентрација од 0,1 mg на килограм тежина.

Истражувачите посочуваат дека само неколку лаборатории во светот можат да тестираат аматоксини, па дури и таму резултатите се чекаатподолго време. Новиот тест којшто го развија го открива присуството на аматоксини за неколку минути.

Тестот LFIA ( lateral flow immunoassay) се базира на посебни реактивни антитела и може да реагира на присуство на 10 парчиња наспрема милијарда, а се состои од подлога за примероци, подлога за конјугат, нитроцелулозна мембрана и подлога за псорбирање. Тимот вели дека може да се користи примерок од печурка со големина на зрно ориз, но тестот може да детектира траги од токсини во урината на луѓе кои веќе се сомневаат дека јаделе отровни печурки.

Во моментот потребен е комерцијален партнер за проектот пред да се почне да се произведува. Засега тестот детектира само присуство или отсуство на аматоксини, но не и на други халуциногени, па не може да се користи за утврдување дали некои печурки може да се јадат.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •