Франција создаде вистинска вештачка џунгла во стаклена полутопка за да ги заштити загрозените животински видови.Меѓу животните кои ќе живеат таму се и ретките морски крави, мајмуните-верверици и комодо земјовите.
Сите животни се сместени во тропска стаклена полутопка со површина од две фудбалски игралишта. Зоолошката градина Beauval Zoo со оваа џунгла сака да им покаже на посетителите во каква опасност се тропските животински видови поради сечењето на шумите.
Светот секоја година губи по 7,5 милиони хектари шума, што е исто како секоја минута да се сече шума со површина од 27 фудбалски игралишта. Во јануари годинава Амазон изгуби површина трипати поголема од површината која ја зафаќа Париз.
Шумите ги ублажуваат последиците од климатските промени така што го апсробираат јаглерод диоксидот и се рај за развој на биодиверзитет. 80% од сите копнени животни живеат во шума. Само во Амазон живеат 10% од животинските видови кои ги познаваме како и безброј други за кои не ни знаеме дека постојат.
Џунглата во стаклената полутопка ќе се искористи за размножување на загрозените видови додека истовремено ќе се едуцираат посетителите за потребата да се заштитат шумите.