2.9 C
Skopje
понеделник, март 30, 2020

Како да го одржувате работното место чисто, а себеси здрави?

Kabtel desktop

Во канцелариите има стотици мали микроскопски и не толку мали засолништа за вируси и бактерии како што се копчињата на тастатурата, прекинувачите за светло, копчињата на лифтовите или дршките на заедничкиот фрижидер во кујната.

Новиот коона вирус се пренесува од човек на човек, па допирањето зарзени површини може да биде еден од начините на пренос. Но, немојте веднаш да барате боледување, туку од Американскиот центар за контрола и превенција на болести имаат неколку совети како да го дезинфицирате работното место за да останете живи во време на ваква пандемија.

Пред почетокот на работното време со средство за дезинфекција исчистете го бирото, работниот стол, тастатурата, глушецот и другите површини кои вие и вашите колеги често ги допирате. За да знаете дали делува дезинфекцијата, средството мора да остане на површинат од три до пет минути.

Рацете секогаш темелно ги мијте а тоа значи секој дел од прстите. Ако немате сапун, добра замена е дезинфициското средство кое содржи алкохол.

Бидејќи корона вирусот се пренесува од човек на човек, изгнегнувајте ги непотребните физички допири и близината. Одбивањето да се ракувате повеќе не се смета за непристојно, туку се препорачува.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •