Информациите за зголемена побарувачка на некои услуги и најавата за нови вработувања звучат позитивно во време кога слушаме само за масовни откази и банкроти на компании, но тоа не важи за британскиот стартап Farewill. Имено, побарувачката на нови вработени во Farewell не е добар знак од причина што компанијата им помага на луѓето да ги напишат своите тестаменти.
Од почетокот на пандемијата со корона вирусот интересот за нивните услуги пораснал за 300%. Луѓето затворени дома во самоизолација и карантин масовно ги контактираат за да им помогнат во пишувањето на нивните тестаменти. Поради таквата побарувачка работат и ден и ноќ, а моментално бараат нови до 20 вработени.
За нив ова е прилично необична ситуација, велат од компанијата. Тие признаваат дека секојдневно се борат со емотивниот страв, како и правниот страв во својата работа. Напоменуваат дека порастот на побарувачката за нивните услуги не е поврзан само со стравот на луѓето од корона вирусот, туку и поради социјалното дистанцирање и затворањето на деловните објекти кои не се нужни да работат во оваа ситуација.
Уште една причина за популарноста на стартапот е цената затоа што нивните услуги се значително поевтини бидејќи се вршат преку интернет, а во намалувањето на трошоците им помагаат и технолошките решенија кои ги користат.