Facebook и Google може да изгубат дури 44 милијарди долари поради корона вирусот

- Advertisement -

Со затворањето во четири ѕида луѓето уште повеќе се свртеа на интернет и на компјутерите/мобилните уреди, односно на социјалните мрежи и други платформи за комуникација. Така, времето поминато на Facebook е во пораст, но голем расте забележува и WhatsApp и другите сервиси на кои може да се комуницира со пријатели и со семејството кога веќе не можетеб да бидете со нив во живо.

Но, додека корона вирусот, од една страна, влијае на зголемување на прометот и посетеноста на социјалните мрежи, од друга страна, ситуацијата во светот и пандемијата со корона вирусот наголемо го намалуваат бројот на огласи на Facebook.

- Advertisement -

Во вакви лризни времиња меѓу првите буџети кои се кратат се тие за маркетинг, така што компаниите почнаа со кратење, односно во неки случаи и блокирање на потрошувачката за огласување. Освен заштедата, дополнителна причина за ваквото кратење е тоа што не сакаат нивниот бренд и производите да се прикажуваат покрај негативните приказни за корона вирусот кои доминираат на Facebook.

На тој проблем и злабеењето на бизнисот со огласување предупредија неделава и од Facebook, напоменувајќи дека не монетизираат некои од услугите кои бележат голем пораст на корисници. Од компанијата не споменуваат конкретни бројки, но според прогнозите на аналитичката компанија Cowen & Co. за Facebook и Google, се очекува катастрофален пад на заработката од огласување. Овие два интернет гиганти, според најцрното сценарио, годинава би можеле да изгубат дури 44 милијарди долари поради кратењето на буџетите за маркетинг.

- Advertisement -

Тоа е прилично голема цифра, но не треба да се грижиме за компаниите затоа што и покрај тоа, се очекува годинава да ја завршат во плус. Имено, предвидувањата на приходите на Goole за годинава сега изнесуваат 127,5 милијарди долари, а за Facebook 67,8 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -