16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Германски „Бош’ разви брз тест за корона вирус

Kabtel desktop

Германскиот технолошки гигант „Бош“ објави дека развил брз тест за корона вирус, а „Сименс“ најави формирање на 3Д мрежа за печатење на делови од медицински уреди.

Целосно автоматизираниот тест дава резултати за помалку од два и пол часа, а наменет е за употреба во болници, лекарски ординации и други здравствени установи, се вели во соопштението на компанијата издадено вчера.

Има „точност од повеќе од 95 проценти“ и ги исполнува стандардите за квалитет на Светската здравствена организација (СЗО), тврди Бош.
Во моментов, резултатите од тестирањето на корона вирус во Германија се чекаат четири до пет часа, а поради екстерните лаборатории кои прават клучен дел од работата понекогаш дури и подолго, според Институтот „Роберт Кох“.

Тестот „Бош“ треба да овозможи целата постапка да се изврши во болници или клиники. Компанијата го разви во рок од шест недели, а треба да биде достапен во Германија од април, а подоцна и во други земји.

Според портпаролката на Бош, одобренијата од властите сè уште се во очекување, иако некои лаборатории веќе можат да имаат пристап до технологијата во одредени околности.

Сè уште не е јасно колку ќе чини, додава агенцијата ДПА.
Нацрт-тестот вклучува анализатор Vivalytic кој вметнува брис складиран во касета.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •