17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Американци направија тест кој за пет минути открива кој е заразен со корона вирус

Kabtel desktop

Американската компанија Abbott Laboratories направи тест со помош на кој за пет минути може да се провери дали некој е заразен со корона вирус или не. Како што наведуваат од компанијата од Чикаго, нивниот тест ID NOW во рок од пет минути може да утврди дали личноста е заразена со корона вирус, а за 13 минути дефинитивно може да утврди дали некој е негативен на вирусот.

Управата за храна и лекови на САД ја одобри употребата на уредот ID NOW, кој веќе почна да се произведува, а ќе се најде во продажба од денес. Месечно ќе се произведуваат 5 милиони тестови.

Како што додаваат од Abbott Laboratories, уредот одредува на молекуларно ниво присуство на корона вирусот. Голем е колку еден тостер и ќе може да се користи и надвор од здравствените установи. САД сега има повеќе од 100.000 луѓе заразени со корона вирус и е на прво место во светот по бројот на заболени.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •