Македонски стартап претстави корисна алатка за анализа на Mакедонската берза

- Advertisement -

Пандемијата очекувано предизвика голем потрес на светските берзи. За подобро следење на ситуацијата и подобра анализа на податоците од тргувањето се погрижија инженерите од тимот на MAGIX.AI —  македонски стартап од Скопје кој работи во полето на вештачка интелегенција и машинско учење. Нивниот нов продукт за анализа на берзанското тргување сега е бесплатно досапен за користење преку нивната веб страна https://magix.ai/mse/.

Пример за приказ на акциите на Комерцијална Банка, АД, Скопје:

- Advertisement -

Станува збор за богата визуелизација на податоци од почетокот на тргувањето на повеќето акции од Македонската Берза се до денес. Наменета е за финансиски аналитичари, но и за било кој приватен инвеститор. Тие имаат можност да изберат приказ на ценовно движење, истргувана количина и разни трендови во различен временски период (од 10 години па до приказ на месеци или денови). 

Се надеваме дека со оваа алатка ќе дадеме мал придонес за полесен пристап до податоците од тргувањето на берзата и дека после кризниот период, трендот на зголемување на цената на акциите што преовладуваше пред пандемијата ќе продолжи”, изјави проф. д-р Ефтим Здравевски, предводник на Data Science тимот во MAGIX.AI.

- Advertisement -

Освен оваа алатка, во MAGIX.AI работат и на многу други проекти во областа на вештачка интелегенција и машинско учење, најчесто за клиенти од Канада и САД. Исто така тоа тие се во процес се на изработка на интелегентен виртуелен асистент (chatbot) за финансиски институции на македонски јазик. И оваа алатка ќе биде од корист на сите банки во моментов, како дел од процесот на дигитализација на финансиските услуги. Дополнително ќе помогне во намалување на гужвите во експозитурите и со тоа ќе придонесе во намалување на ризикот за ширење на пандемијата.

Сподели!
- Advertisement -