Виртуелни тури до десетте најпознати места во светот

- Advertisement -

Иако моментално е затворено се – и туристичките дестинации и ние луѓето поради пандемијата на корона вирусот во светот, тоа не значи дека не можеме да уживаме во убавините на најпосетените дестинации во светот преку вирутелни тури. Еве до кои места има виртуелни тури со кои можете да го исполните слободното време кое сега го имаме на претек.

Мачу Пикчу, Перу

- Advertisement -

Многу детали за тоа како е изграден уште се мистерија. На Андите на 2.430 метри височина Мачу Пикчу е изграден во време кога не постоеле велосипеди, како ни праксата да се користат животни за транспорт на огромните камења.

Христос Спасител, Рио де Жанеиро

- Advertisement -

На врвот на планината Корковада, статуата на Исус Христос се види од цело рио де Жанеиро.

Пирамидите во Гиза, Египет

- Advertisement -

На работ на пустината, на местото каде што завршува песокот, а почнува модерниот Каиро, стојат пирамидите. Овие величествени градби во Гиза се изградени пред околу 4.500 години како гробници за фараоните.

Ајфелова кула, Париз

Металната кула изградена на Марсејските полиња во Париз денес е знаменитост и симбол на градот. Изградена е во 1889 година како експонат за Светската изложба по повод прославата на стогодишнината од Француската револуција.

Ангкор Ват, Камбоџа

Градот на храмовите во Камбоџа е најголемиот верски споменик во светот, првобитно изграден како хинудистички комплекс посветен на богот Вишна во првата половина од 12 век, а потоа постепено се трансформирал во центар за обожавање на будизмот.

Таџ Махал, Индија

Изградена меѓу 1631 и 1654 година, од страна на 22.000 луѓе. Шахот Џахан ја наредил изградбата на овој мавзолеј за својата почината жена Арџуманд Бано Бегум, која е попозната како Мумтаз Махал.

Стоунхенџ

Британскиот културен споменик датира од нелолитот од бронзената доба. Се наоѓа во околината на Аменсбери во англискиот округ Вилтшир, на околу 13 км северозападно од Солсбери.

Петра, Јордан

Се наоѓа во денешен Јордан, а своевремено била главен град на арапското Набатејско царство, центар на трговија, крајна цел на караваните, а развојот на градот продолжил и во текот на Римското царство. Овој град бил откриен од западниот свет дури во 1812 година, откако го пронашол швајцарскиот истражувач Јохан Лудвиг Бурхарт.

Колосеум, Рим

Најголемиот амфитеатар во светот.

Чичен Ица, Мексико

Големо археолошко наоќалиште на Јукатан во Мексико од времето на цивилизацијата на Инките.

Сподели!
- Advertisement -