Најголемите европски економии основаат фондови за стартапи вредни неколку милијарди евра

- Advertisement -

Велика Британија планира да основа посебен фонд за ризичен капитал кој ќе им помага на стартапите. Фондот е прв државен фонд од тој тип на островот, но исто така е и највредниот од сите, а ќе се вика Future Fund.

Иако настана како резултат на лобирањето на тамошната стартап заедница, фондот е одговор на сличните потези на Германија. Имено, најголемата економија во ЕУ на 1 април објави дека почнува стартап иницијатива вредна 2 милијарди евра. Германската влада преку инвестицискиот сегмент на државната развојна агенција KfW Capital најави инвестиции во свои стартапи за го надомести повлекувањето на приватните инвеститори од пазарот.

- Advertisement -

Германија, пак, се одлучи на таков потег поради Франција, која одлучи на своите стартапи да им помогне со пакет мерки во вредност од 4 милијарди евра од кои 2 милијарди евра за државни гаранции за кредити, а остатокот за даночни олеснувања.

Велика Британија, пак, планира на своите стартапи да им помага слично како Германија. Средствата за фондот ќе се обезбедат преку британската државна развојна агенција British Business Bank. Инвестициите ќе се вршат така што ќе се осигуруваат конвертибилни заеми во кои приватниот инвеститор мора да учествува со ист или поголем удел, а стартапот кој сака заем мора да докаже дека во последните пет години примил најмалку 280.000 евра приватни инвестиции.

- Advertisement -

Future Fund ќе почне да прима пријави од 1 мај до крајот на септември, а ќе одобрува заеми во вредност од 140.000 до околу 5,7 милиони евра. На стартапите ќе им бидат на располагање и 850 милиони евра субвенции за истражување и развој.

Сподели!
- Advertisement -