-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Експерти од МИТ развиваат облека која детектира КОВИД-19

Kabtel desktop

Научници од МИТ развија нов тип на сензори кои би можеле да бидат вградени во облеката и веднаш да детектираат дали некој е заразен со корона вирус или не. Mалите сензори се толку лесни и флексибилни што може да се постават во каква било ткаенина, дури и во најтенката која се користи за производство на спортска облека, а поднесуваат и перење, па може да имаат долготрајна примена.

Прототипот на сензорите на кој работат на учниците од МИТ може да се стави во самата ткаенина, но и само да се постави на ткаенината и по потреба да се префрла од маица на маица, јакна или кој било друг дел од облеката.

Сензорите може да ги следат виталните знаци на тој што ги носи како дишењето, отчукувањето на срцето и температурата на телото и тие податоци да ги префрлат на паметен телефон. Така докторите можат да следат што се случува со пациентот и кога не се во негова близина. Со тоа во случај на пандемија, како корона вирусот, имаат шанса да си го зачуваат здравјето. Бидејќи сензорите во маиците покриваат голема површина од телото, а се планира и поставување на сензори во панталони, докторите можат да ги следат промените во температурата на одредени делови од телото.

Целта на научниците е тие паметни сензори да ги постават во спортска облека, облека на пациенти во болница, па дури и во астронаутски костими за да се следат нивните витални знаци во текот на вселенските мисии. Засега работат на понатамошен развој на прототипот и се во преговори со кинески производител, кој тие сензори би ги произведувал во големи количини.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!