Нов Зеланд ќе воведе дополнителен одмор за зајакнување на домашниот туризам

- Advertisement -

Владата на Нов Зеланд размислува за тоа да воведе дополнителен одмор за зајакнување на домашниот туризам. Премиерката Џаcинда Ардерн вели дека тоа е една од идеите кои потенцијално би можела да и помогне на економијата на земјата.

Туризмот е главен сектор на економијата во Нов Зеланд, а странските туристи во моментов не доаѓаат поради пандемијата од коронавирус, па целата индустрија е во тешка позиција.

- Advertisement -

„Мојата порака до граѓаните е да дојдат и да го истражат сопствениот двор, да се запознаат со културата и гостопримството на Аутерао (име на домородците, Маори, за Нов Зеланд)“, изјави Ардерн.

Нов Зеланд во последните неколку недели ги ублажи рестриктивните мерки. Владата, која воведе еден од најсилните карантини во светот, објави дека “вирусот е елиминиран” во земјата.

Сподели!
- Advertisement -