14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Поранешниот главен онколог на СЗО тврди: корона вирусот ќе исчезне сам по себе пред да се најде вакцина

Kabtel desktop

Корона вирусот може да исчезне сам по себе пред да се појави какви било вакцина, изјави Карол Сикора, академик и бивш главен онколог на Светската здравствена роганизација. Сикора на Twitter појасни дека постои реална веројатност дека вирусот природно ќе исчезне пред научниците да развијат вакцина.

Секаде го гледаме истиот шаблон. Мислам дека имаме повеќе имунитет отколку што проценивме. Мора да продолжиме со забавување на вирусот, но тој би можел и сам да исчезне“ напиша Сикора.

Неговата изјава предизвика бурна реакција на јавноста, па Сикора одговори дека тоа е само негово мислење и едно од можните сценарија. Научикот додаде дека никој не знае точно што ќе се случи.

Многу земји и фармацевтски компании од целиот свет се натпреваруваат во развојот на вакцина за корона вирусот, од кој досега починаа над 310.000 луѓе. На почетокот на неделава од СЗО открија дека осум кандидати за вакцина ќеќе се вклучени во клинички тестирања, додека за уште 110 вакцини се вршат претклинички проценки. Некои земји како Велика Британија и Кина почнаа да тестираат вакцини и на луѓе. Меѓутоа, уште не е јасно кога ќе бидат достапни вакцините и дали тие навистина ќе бидат ефикасни.

Фото – Twiter

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •