22 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Европската банка за обнова и развој стартува онлајн обуки за мали бизниси

Kabtel desktop

ЕБОР ја започнува програмата за бесплатно онлајн учење и советување за микро, малите и средните компании (ММС) соочени со економското влијание од пандемијата од корона вирусот.

Програмата на ЕБОР „Научи како да менаџираш во криза’’ се наоѓа на платформа на банката- The Know How Academy и е централно место каде што претприемачите ќе имаат пристап до обуки и ќе можат да добијат советување за кризен менаџмент од индустриски експерти, а можат да се вклучат и во форуми за дискусија со нивните колеги.

Од ЕБОР велат дека програмата ќе нуди и специфични локални информации за финансиската помош достапна од владите и банките во 30 земји каде што е ЕБОР присутна. 

Програмата ќе се фокусира на пет клучни столбови во бизнисот: Кризен менаџмент: Вашите клиенти и добавувачи, Кризен менаџмент: Основи на финансиски менаџмент, Кризен менаџмент: Финансирање на вашата компанија, Кризен менаџмент: Вашите вработени- вашиот клучен капитал, Предизвици на управувањето и лидерство.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •