Нова технологија ќе овозможи создавање енергија со помош на дрвјата

- Advertisement -

Нова технологија која го претвара движењето на дрвјата во енергија покажа дека добиената енергија може да се користи во иднина. Мехнизмот наречен “анемокинетика” овозможува движењето на дрвјата да се претвори во електрична енергија.

Долго време светот се бори да најде одржливи извори на енергија. Големата побарувачка на енергија споредена со лимитираните извори е тешка загатка за решавање. Технологијата за анемокинетика може да биде одговор за овој проблем со чистата енергија.

- Advertisement -

Концептот на анемокинетиката се базира на првиот закон на термодинамиката, кој вели дека енергијата не може да се создаде ниту да се уништи. Со други зборови, енергијата која ја користиме постојано постои во природата во различни форми. Проблемот е претворањето на енергијата од еден во друг вид за специфични цели.

Според проектот објавен на страницата Behance, анемокинетиката им овозможува на научниците да ја собираат енергијата која се добива со осцилациите на гранките од дрвјата. Истражувањето го анализирало движењето на гранките на дрвјата и откриле дека во зависност од брзината на ветерот, висината на дрвјата и типот на дрвото, гранките имаат различна флуктуација. Имено, гранките се придвижувале од 1 до 25 см секој момент.

- Advertisement -

Иако се потребни дополнителни истражувања за да се најде најдобриот начин за искористување на таа енергија, научниците веќе создадоа прототип на електрично коло и вршеле тестирања на терен. Истражувањето покажало дека секое движење на гранките генерира напон еднаков на 3,6 волти за времетраење од 200 милисекунди.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Behance)

Сподели!
- Advertisement -