Некои болни од корона вирусот никогаш нема да си го вратат чувството за мирис

- Advertisement -

Речиси 90% од луѓето кои го изгубиле чувството за мирис и вкус како последица на корона вирусот целосно или барем делумно си го повратија после еден месец, но околу 10% од нив никогаш не го добија назад чувството за мирис и вкус, покажа најновата студија.

Италијански истражувачи открија дека кај 49% од пациентите целосно се вратил осетот за вкус и мирис, кај 40% делумно се подобрил, додека остатокот потврдиле дека тие симптоми останале исти или се влошиле, пишува BBC.

- Advertisement -

Губењето на чувството за мирис и вкус, познато како аносмија, кај некои луѓе заразени со КОВИД-19 е еден од најчестите симптоми на новиот вирус, но новата студија откри дека тие симптоми не секогаш се губат после закрепнувањето на луѓето.

Интернационалн тим од истражувачи анализирал 187 Италијанци кои биле заразени, но не им било толку лошо за да бидат хоспитализирани. Тие го оценувале својот осет за вкус и мирис откако биле дијагностицирани и еден месец подоцна. Од вкупно 113 кои пријавиле промена на чувството за мирис и вкус, 55 рекле дека целосно закрепнале, 46 пријавиле подобрување на чувството за мирис и вкус, а 12 рекле дека симптомите или се исти или станале полоши. Тие кои пријавиле влошување на овие два симптоми закрепнувале подолго време од другите.

- Advertisement -

Експертите го објавија своето истражување во списаниетот JAMA Otolaryngology — Head and Neck Surgery. Професорката Клер Хопкинс, една од истражувачите, вели дека нејзиниот тим го спровел истражувањето врз луѓе кои има долготрајни симптоми.

„На луѓето кои побрзо закрепнуваат веројатно им биле заразени само клетките во внатрешноста на носот. Луѓето кои побавно закрепнуваат, пак, веројатно вирусот им навлегол и во нервите кои се одговорни за мирис. Затоа им треба подолго време за да се регенерираат“ вели Хопкинс.

- Advertisement -

(New York Post)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -