31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Ирски научници открија нов потенцијален извор на вода

Kabtel desktop

Нов наноматеријал налик на сунѓер, дизајниран да се користи во уредите за намалување на влагата во воздухот, може да понуди нов извор на вода. Речиси цела Индија и половина од Кина моментално имаат недостиг од вода, а многу градови низ светот имаат повремени суши.

Новиот материјал сличен на сунѓер може да понуди нов извор на вода. Ако материјалот се користи во големи системи HVAC во комерцијални згради, може да произведе илјадници литри вода годишно буквално од воздух. Материјалот не само што е енергетски ефикасен, туку новина е и неговата способност да функционира во средини со мног малку влага како и на екстремно ниски минусни температури. Проектот го развиле Ирскиот Универзитет Лимерик и инкубаторот Molecule.

„Ние заклучивме дека ако едноставно го побараме решението за влагата во воздухот околу нас, ќе најдеме начин да работиме заедно во хармонија со природниот циклус на водата. Така ќе биде возможно да се генерира сопствена вода во секое време на секое место. Ова е чекор напред во решавањето на глобалниот проблем со недостигот на вода“ се вели во описот на проектот.

(Design Indaba)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •