-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

И Франција ќе ја забрани опремата за 5G мрежи на Huawei

Kabtel desktop

После Велика Британија, и Франција се подготвува да ја укине употребата на 5G мрежата на кинеската компанија Huawei до 2028 година. Како што пишува Рolitico.eu, Агенцијата за сајбер безбедност (ANSSI) во земјата нема да дозволи телекомуникациските компании во Франција да ги обноват лиценците за опремата за 5G мрежи од кинеската компанија Huawei после 2028 година.

Лиценците на Huawei важат 3-5 години, а за европските конкуренти Eriсsson или Nokiа важат осум години. Ваквите ограничувања на ANSSI ќе доведат до постапно исклучување на Huawei од француската 5G мрежа до 2028 година, пренесува Reuters.

Одлуката на француската агфенција следува после сличните најави на Лондон претходно овој месец, односно дека Велика Британија ќе забрани купување на нова 5G опрема од Huawei и дека операторите ќе мора да ги отстранат постојните комплети од кинеската компанија од своите 5G мрежи до 2027 година. Ова се случува среде кампањата на САД да го исфрли Huawei и од Европа.

САД ја обвинуваат Кина дека својата опрема ќе ја користи за шпионажа, што го негираат и Huawei и кинеската влада, но американската влада врши притисок нивните сојузници да го следат нивниот пример и да ја забранат работата на компанијата.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!