18 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Големата “биткоин измама“ на Твитер ја смисли 17-годишен хакер од Флорида

UAKS desktop

На Флорида во петокот еден тинејџер е обвинет дека е мозок на спектакуларното хакирање на профилите на популарни личности на Твитер во средината на јули. Обвинителот Ендрју Ворен потврди дека оваа масовна измама се случила на Флорида.
Младиот Грахам Иван Кларк е уапсен во петокот во Тампа, Флорида и обвинет дека го украл идентитетот на повеќе личности, меѓу кои и на поранешниот американски претседател Барак Обама и на Илон Маск. Пуштал пораки во нивно име и барал од жртвите да му праќаат биткоини и на тој начин собрал повеќе од 100.000 долари во само еден ден.

Законто во Флорида дозволува покренување на обвиненија против малолетници за финансиски измами, каква што е оваа. Од вкупно 130 целни профили, тој успеал да хакира 45 меѓу кои и на претседателскиот кандидат Џо Бајден, поранешниот претседател Обама, основачот на Амазон Џеф Безос, шефот на Тесла Илон Маск и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Уште две лица се исто така обвинети во врска со овој хакерски напад, Масон Шепард од Велика Британија и Ними Фазели од Флорида.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •