Германски истражувачи креираа 3Д модел на корона вирусот

- Advertisement -

Корона вирусот е нејасно видлив дури и под најдобрите микроскопи. За да му дадат лице на овој моментално наш непријател истражувачите користат модели. Еден од можеби најточните модели е креиран на Универзитетот Вурцбург.

Корона вирусот кој делува на германското население повеќе од половина година е невидлив за човечкото око. Неговиот размер одговара на отприлика илјадити дел од човечкото влакно. Истражувачите дури и со помош на електронски микроскоп можат да направат само нејасни фотографии.

- Advertisement -

Затоа, корона вирусот се одредува со помош на графика и илустрации. Илустрацијата на американската агенција за заштита од епидемија, односно сивиот вирус со црвени израстоци се прошири низ целиот свет, но во реалноста вирусот изгледа малку поинаку.

Тимот истражувачи предводен од Андреа Торн од Универзитетот Вурцбург ја истражувал структурата на вирусот САРС КоВ-2 и ја употребил за составување на модел на патогенот кој е досега најблизок до вистинскиот облик.

- Advertisement -

Торн на почетокот претпоставувала дека САРС-КоВ-2 е тркалезен, како што е случај со многу други вируси, но се покажало дека нивната површина е неправилна и постојано се менува како меурчиња од сапуница. Членовите на истражувачкиот тим откриле и дека големината на вирусот може да варира, па одредени патогени понекогаш се помали, понекогаш поголеми. Израстоците не се правилно распоредени на површината, како што се претпоставуваше досега, туку неправилно.

Тимот Corona Structural Task Force предводен од д-р Торн направил 3Д модел од корона вирусот кој е голем 17 см. Целта на научниците е да им помогнат не само на луѓето кои немаат познавања од науката, туку и на интернационалните истражувачи подобро да го сфатат вирусот. Нивното истражување има за цел да го забрза и развојот на вакцина и на нови терапии.

- Advertisement -

(Klix.ba, Innovation Origins)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -